fbpx

Адвокатската комора не може да одземе лиценци зашто некој би го бранел Палевски

Ниту адвокатската комора, ниту Министерството за правда не можат да одземаат лиценци зашто некој му станал адвокат на Палевски, пишува Вистиномер

-

Адвокатската комора не може да ја одземе лиценцата зашто некој адвокат решил да го застапува Љупчо Палевски Палчо, бидејќи тоа е негово право на одбрана, но исто така и адвокатите имаат право да одбијат да го застапуваат него од нивни причини. Ниту адвокатската комора, ниту Министерството за правда не можат да одземаат лиценци зашто некој му станал адвокат на Палевски, пишува Вистиномер. 

Текстот го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Адвокатите имале добиено забрана преку министерство за правда и адвокатска комора. Кој ќе се нафател да го брани ќе ја загубел лиценцата за работа.

Во склоп на објавата се споделува напис од медиум кој се однесува на Љупчо Палевски Палчо, првоосомничен за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Во написот точно е наведено дека тројцата адвокати кои ги побарал Палевски да го застапуваат не прифатиле.

Но, во медиумот не е наведено дека причината е „забрана од Министерството за правда“ или, пак, „забрана од адвокатската комора“ и за такво нешто нема никакви докази. И не е вистина дека „кој ќе се нафати да го брани ќе ја загуби лиценцата за работа“.

Адвокатите имаат право да одбијат да застапуваат странка, ако, на пример, имаат формирано предрасуда за клиентот претходно. Откако Палевски побара да го застапува тим адвокати, тоа барање беше упатено до Кривичниот суд.

Адвокатскиот кодекс дозволува адвокатот да го одбие барањето за давање правна помош.

Адвокатот може да го одбие давањето правна помош или вршењето на јавни овластувања од оправдани причини, како што се: преоптовареност во работењето, незначителни изгледи за успех по предметот, неплаќање на доспеаните обврски од клиентот (трошоци и награда), кога е во прашање неодговорен парничар и слично. Одбивањето да се даде правна помош во кривичните предмети (одбрана) треба да се цени по строги критериуми. Тоа е дозволено само во особено исклучителни случаи и тоа од објективна и од субјективна природа, како што се: болест на адвокатот, неплатени обврски од страна на обвинетиот за претходно дадена одбрана и слично, пишува во адвокатскиот кодекс.

Освен тоа, еден од адвокатите за кои Палевски бараше да го застапува, Тони Менкиновскиизјави дека е службено отсутен и дека не е заинтересиран.

Листата на адвокати по службена должност е објавена на следниот линк за секој град во земјава.

Според Законот за адвокатура (член 10 став 3), содржината и начинот на издавање и одземање на лиценцата за работа се уредуваат со Статутот на Адвокатската комора.

Кога ќе се погледне статутот, членот 72 во него утврдува кога може да се одземе лиценцата на адвокат. Адвокатската комора не може да ја одземе лиценцата зашто некој адвокат решил да го застапува Љупчо Палевски Палчо, бидејќи тоа е негово право на одбрана, но, исто така и адвокатите имаат право да одбијат да го застапуваат него од нивни причини. Ниту адвокатската комора, ниту Министерството за правда не можат да одземаат лиценци зашто некој му станал адвокат на Палевски.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Макрон повика на митинг против екстремната десница на вториот круг од изборите

Францускиот претседател Емануел Макрон повика на „големо демократско и републиканско обединување“ во вториот круг од предвремените парламентарни избори во Франција против екстремно десничарската партија Национален собир, која е во...