fbpx

Незадоволни верници ја окупираа ИВЗ

-

Педесетина верници од муслиманска веросиповед, предводени од скопскиот муфтија Ибрахим Шабани, утрово, како што тврдат од ИВЗ, се обиделе насила да влезат во седиштето на Исламската верска заедница, но биле спречени во намерата, пишува „Плусинфо“.

Во моментот, голем број верници што го поддржуваат скопскиот муфтија се во дворот на ИВЗ, а меѓу нив и околу седиштето присутни се голем број полициски сили.

Во тек се разговори меѓу скопскиот муфтија и раководството на ИВЗ за решавање на конфликтот, кој беше испровоциран поради тоа што минатата недела муфтијата Шабани побара јавно извинување од реисот Сулејман Реџепи за навредите што ги упатил на верскиот собир што се одржа пред две недели  во МОБ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...