Реисул-Улема на ИВЗ во РСМ Х. Хфз. Шаќир еф. Фетаи | Фото: ФБ страна, Исламска верска заедница

Поглаварот на Исламскате верска заедница Шаќир Фетаху упати честитка до муслиманските верници по повод првиот ден на Рамазан.

„Објавата на Светиот Куран во овој месец, како и постот на неговите денови заради семоќниот Алах ја зајакнува напшата свесност за Бога, моралот, трпеливоста, жртвеноста, мирот, толеранцијата и хуманизмот. Овој Рамазан исто така пак не наоѓа во вонредна состојба поради пандемијата ковид-19, така што нашето високо ниво на грижа и прецизна дисциплина во почитувањето на мерките со цел да се заштитиме од оваа болест, ќе бидат нашата вредност на овој месец, со што ќе дадеме придонес за надминување на оваа состојба. Затоа, нека овој месец биде жива инспирација за подигнување на нашата свест за излегување од оваа тешка здравствена состојба“ се вели во пораката.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери исто така упати честитка до верниците.

„И овој Рамазан за жал продолжуваат препораките за заштита на нашето здравје и здравјето на нашите блиски од вирусот ковид-19 и знам дека тоа во голема мера го нарушува традиционалниот начин на одбележување на овој месец, меѓутоа, верата, добрите мисли и молитвите се во нас самите, и тие може да ги практикуваме и на алтернативни начини, доволно е да имаме искрена желба и добра волја,“ порача Џафери во честитката.

Честитки по повод почетокот на Рамазанскиот пост упатија и лидерите на политичките партии.