fbpx

Мужниекс: Нападите врз новинарите ќе ја ослабнат европската демократија

-

„Денеска, 3 мај, е Светскиот ден на слободата на печатот, а денес, исто така, новинарите се сè повеќе цел на напади насекаде во Европа“, рече комесарот за човекови права на Советот на Европа, Нилс Мужниекс, во своето обраќање пред европските лидери, пренесува „Нова ТВ“.

Тој од европските лидери побара да сторат сè за да се промени оваа тенденција и сериозно да се ангажираат во подобрувањето на условите за работа на новинарите.

– Нивна задача е да ги кренат сите законски пречки кои ги нарушуваат правата на медиумите, да ги ослободат новинарите кои се во затвор затоа што ја работеле својата работа, да го сменат односот кон медиумските професионалци и да не реагираат со насилство или заплашување и да прифатат дека мораат да бидат контролирани од јавноста – порача Мужниекс.

Тој потсети дека пред неколку дена беше убиен новинар во Украина и дека ова е 14. убиен новинар во последните 16 месеци во Европа.

Комесарот им порача на европските лидери дека „одењето по овој пат ќе ја ослабне европската демократија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на...