fbpx

Суспендирана деканката на Биотехничкиот факултет во Битола

-

Деканот на Биотехничкиот факултет во Битола, професор Џулијана Томовска, е суспендирана од функцијата, а на нејзино место е поставен вршител на должност. По две и пол години на функцијата прв човек на Биотехничкиот факултет во Битола, деканката Томовска минатиот петок била експресно тргната од оваа позиција, потврдуваат за „Мета“ извори од Биотехничкиот факултет.

На местото на Томовска е поставена професорката Мила Арапчевска, вработена на истиот факултет.

Извори од факултетот велат дека суспензијата на Томовска доаѓа како гром од ведро небо, но дека најверојатно е поврзана со изборот на нов ректор на битолскиот универзитет, за што веќе е почната процедурата и ќе трае сè до септември.

Нашите информации велат дека актуелниот ректор на Универзитетот, Златко Жоглев, 30 дена по одлуката за суспензија на Томовска, ќе треба пред највисокото тело на Универзитетот, Сенатот, да образложи зошто се решил на ваков чекор. Сенатот, пак, има право да одлучи и да ја поништи суспензијата на Томовска и да ја врати на чело на Биотехничкиот факултет.

Според изворите на „Мета“, многумина фрлиле око на ректорката фотелја на битолскиот Универзитет, па во наредниот период се очекуваат и пожестоки пресврти во оваа високообразована институција.

Суспендираната деканка Томовска денеска не одговори на нашите повици на мобилен телефон.

Именувањето на Томовска за декан, исто така, следуваше по суспензија на нејзиниот претходник, професорот Љупче Кочовски.

Според ова, за две и пол години, од ноември 2012 година, на Биотехничкиот факултет во Битола се супендирани двајца декани.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Обединетите нации бараат истрага по откривање на масовни гробници во болниците во Газа

Обединетите нации (ОН) повикуваат на „независна, ефикасна и транспарентна истрага“ за откривањето на масовни гробници во две болници во Газа, кои беа опколени и нападнати од израелските војници оваа...