fbpx

Џихадисти од ИД киднапираа ученици од Мосул

-

Денеска џихадисти од групата Исламска држава (ИД) киднапираа околу 120 ученици од различни училишта во Мосул. Тие се однесени во непознат правец и нивната судбина засега е неизвесна.

Освен тоа, ИД денеска јавно застрела повеќе од 20 свои борци во Мосул, кои беа повредени во судири со ирачките вооружени сили, соопшти Демократската партија на Курдистан.

Во западната провинција Анбар вчера исламистите убија 30 Ирачани, меѓу кои жени и деца, обвинети за соработка со властите и со армијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палевски екстрадиран во Македонија, ќе се одмотува клопчето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Со комерцијален лет од Истанбул, Турција на „Туркиш ерлајнс“, во 19.30 часот на Меѓународниот аеродром во Скопје беше екстрадиран Љупчо Палевски - Палчо, првоосомничен за двете монструозни убиства, на...