Платформата на граѓански организации за борба против корупција бара од пратениците да не ги гласаат предложените измени на Законот за јавни набавки

Платформата укажува дека резултатите од работењето на овие комисии не може да претставуваат основа за брзи, партиски и груби интервенции за засилување на политичката концентрација на моќ и влијание

-

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата остро реагира на изгласаните измени и дополнувања, како и на предлозите за нови измени на законите со кои што предвреме се прекинува мандатот на членовите и на претседателите на независни и самостојни државни органи, Државната комисија за жалби по јавни набавки (ДКЖЈН), Комисијата за заштита на конкуренцијата и второстепената Државната комисија за одлучување во управна постапка.

Oттаму оценуваат дека престанокот на мандатите пред истекот, се прави со итни законски измени, предложени од група пратеници, без да бидат исполнети услови за разрешување и без какви и да се јавни консултации.

„Со оглед на тоа што фокусот на овие законски измени е токму на составот и изборот на членови на независни институции, се стекнува впечаток дека целта на измените е да се изберат нови состави на овие комисии по мерка на новата власт. Ваквиот упад во работата на институциите кои по својот модел треба да бидат независни од централната власт, претставува опасен преседан и води кон дополнителна партизација на институциите“, наведено е во реакцијата.

Платформата укажува дека резултатите од работењето на овие комисии можат и треба да бидат предмет на јавна дискусија и да водат кон барање на решенија за унапредување на нивното работење, но не и да претставуваат основа за брзи, партиски и груби интервенции за засилување на политичката концентрација на моќ и влијание.

„Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара од пратениците да не ги гласаат предложените измени на Законот за јавни набавки и да се отвори широка јавна расправа во која темелно и непартиски ќе се бараат решенија за подобрување на работењето на овие и на другите независни институции“, наведено е во реакцијата.

Атила Бижен Жалили е нов сопственик на 85 отсто од акциите на ФК Вардар

Фудбалскиот клуб Вардар на својата страница на Фејсбук денеска објави дека нов сопственик на клубот со 85 отсто од акциите на клубот, е Атила Бижен Жалили. Тие го пренесуваат...