Водата во Општина Василево не е безбедна за пиење

Општина Василево побара дополнителни анализи на водата за пиење во наредните денови од Центарот за јавно здравје, како и паралелна анализа од акредитирани лабаратории

-

Според најновите микробиолошки анализи се утврдило дека водата во Општина Василево не е безбедна за пиење, соопштува Комуналното претпријатие „Турија“ –  Василево. Била анализирана вода од местата Василево, Градашорци, Ангелци, Едрениково, Добрашинци, Нова Маала и Чанаклија.

Жителите на општината, кои со вода за пиење се снабдуваат од браната „Турија“, нема да можат да ја користат водата од градскиот водовод. Комуналното претпријатие „Турија“ – Василево доцна синоќа ги информирало жителите од населените места.

„Општина Василево веќе подолг период презема мерки за обезбедување на питка вода за населението. Обезбедени се диспанзери, шишиња вода во училиштата и градинката. Обезбедени се канистери со вода за пиење на населението а од утре ќе функционира цистерна за вода обезбедена со помош на општина Радовиш,“ информираат од општината на својата официјална фејсбук-страница.

Општина Василево побара дополнителни анализи на водата за пиење во наредните денови од Центарот за јавно здравје, како и паралелна анализа од акредитирани лаборатории.

„Екипите се на терен и работат на надминување на состојбата и решавање на проблемот за што граѓаните ќе бидат дополнително информирани. Општина Василево изминатиот период направи сериозен зафат на филтер станицата Ташли Баир, ја променивме кварцната песок, која претходно никогаш не беше променета од 2006 година, односно од изградбата на самата филтер станица. Исто така променета е и целата електроника,“ надополни општина на својата фејсбук страна.

Марио Спасевски
Марио Спасевски
Новинар, Поткастер, Туризолог, Надреалист, Гејминг Гуру, Авантурист, Патник низ времето

Мета факт: Делумна вистина е дека Владата го решила проблемот со личните документи во првите 100 дена

На 1 октомври годинава премиерот Христијан Мицкоски даде отчет за работата на првите 100 дена од Владата на РСМ, меѓу другото, како едно од достигнувањата на Владата, го посочи...