Најмалку 21 лице загинале во поплавите во Босна и Херцеговина

Шеснаесет лица се водат како исчезнати, иако има знаци дека водата во Јабланица се повлекува

-

Најмалку 21 лице загинале во поплавите кои вчера ја зафатија Босна и Херцеговина. Дополнително, 16 лица се водат како исчезнати. Во селото Злате загинала трудница откако врз неа паднало дрво, пренесува Н1.

Хусеин Хоџиќ од Цивилната заштита вели оти штетите се огромни и дека спасителните служби воопшто не стигнале до околу десетина села.

„Километри пат повеќе не постојат. Скоро сите мостови беа уништени. Нема струја, сите бандери се однесени. Дури ни телефонските линии не работат“, рече Хоџиќ.

Над 80 трансформаторски станици не работат во регионот.

Големи штети се забележани и во селата Глогошница и Шабанчиќи, но луѓето успеале да се спасат и во текот на ноќта нашле безбедно сместување.

Екипите на цивилната заштита и други служби се на терен од седум часот утринава и работат на тоа да се пронајдат на исчезнатите лица и откопаат урнатините под кои се смета дека има луѓе.

Сепак, од утрово состојбата во поплавените подрачја во БиХ се подобрува, водата се повлекла во Јабланица, па размерите на штетите се повидливи. Во текот на ноќта врнеше дожд, но престана во раните утрински часови.

Тошковски: Сè уште не е поднесена кривична пријава против „Конти“, апелирам да се внимава при инвестирањето во потенцијални пирамидални шеми

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски апелираше граѓаните да внимаваат при инвестирањето во потенцијални пирамидални шеми, каква што се смета дека е апликацијата „Конти“. Министерот дополни дека е свесен...