Поплави во Босна и Херцеговина, има и жртви

Свлечишта, одрони и поплави предизвикаа синоќешните обилни врнежи во делови на Босна и Херцеговина. Се очекува да биде прогласена состојба на елементарна непогода

-

Драматични снимки и фотографии од Босна и Херцеговина од утрово кружат во медиумите и на социјалните мрежи, откако повеќе делови од земјата синоќа беа погодени од обилни врнежи, кои придонесоа кон свлечишта, одрони и поплави.

Хеликоптер на воените сили на Европската Унија во Босна и Херцеговина (ЕУФОР) врши итен транспорт на тешко повредено дете од Јабланица, соопшти Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина, а пренесе Радио Слободна Европа (РСЕ).

Надлежните потврдија дека има жртви на подрачјето на оваа општина, по обилните врнежи во текот на ноќта, кои предизвикаа свлечишта на југот од земјата.

„За жал, според првите информации, имаме и човечки жртви. Побаравме и помош од вооружените сили на Босна и Херцеговина за испраќање хеликоптер“, изјави Марија Бухач, претседателка на Владата на Херцеговско-неретванскиот кантон на вонредна прес-конференција во Мостар.

Таа не го прецизираше бројот на жртвите.

Градоначалникот на Јабланица, Дамир Шабановиќ, за РСЕ изјавил дека во тој град и во цела Босна и Херцеговина ќе биде прогласена состојба на елементарна непогода.

„Хаос е. Имаме човечки жртви, не знаеме колку. Материјалната штета е огромна“, изјави Шабановиќ за Радио Слободна Европа.

Портпаролот на Владата на Херцеговско-неретванскиот кантон Дарко Јука, изјави дека патот е целосно во прекин, а телефонската комуникација е делумно прекината на подрачјето на Јабланица и Коњиќ.

Според него, имало сериозни одрони и излевање на реките, како и пропаднати патишта од Јабланица кон север и градот Прозор-Рама.

Од Железницата на Федерацијата БиХ потврдиле дека железничкиот сообраќај помеѓу Сараево и Чаплиња е откажан.

Поради обилните врнежи, поплавени се и делови од општините Кисељак, Крешево и Фојница во централна Босна и Херцеговина. Поплави и одрони го погодија и Вареш, мал град во централна Босна.

Не е точно дека Министерството за образование нуди бесплатни курсеви по англиски јазик за сите

Целта на вака креираната невистинита најава е да се генерира интернет сообраќај, односно да се убедат што поголем број корисници да пристапат до страниците коишто се рекламираат. Оваа објава...