Tешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола, три лица го загубија животот

Според првичните сознанија, несреќата се случила при судар на патничко возило „Тојота“ со прилепски регистарски ознаки и товорно возило „Волво“ со скопски ознаки. Причините за несреќата се уште се утврдуваат

-

Утрово се случи тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола во којашто три лица го загубија животот, а едно е тешко повредено. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на самото место.

Според првичните сознанија, несреќата се случила при судар на патничко возило „Тојота“ со прилепски регистарски ознаки и товорно возило „Волво“ со скопски ознаки. Причините за несреќата сè уште се утврдуваат.

Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатите, сите патници во автомобилот, како и за испитување на примероци од крв и урина од возачот на камионот. Наредено е и сообраќајно-техничко вештачење за утврдување на причините.

Во сообраќајната несреќа, товорно возило целосно беше залапено, а патничкото возило удрено и исфрлено од патот.

Марио Спасевски
Марио Спасевски
Новинар, Поткастер, Туризолог, Надреалист, Гејминг Гуру, Авантурист, Патник низ времето

Станарите од опожарената зграда во Чаир не знаат кога ќе се вратат дома, бараат одговори од надлежните

Пожарот кој вчера ја зафати зградата на ул. „Прохор Пчински“ утрово беше изгаснат, но станарите сè уште немаат одговори во однос на тоа што го предизвикало пожарот, колкава е...