Се предаде лице осомничено за „27 април“

По седум години бегство, лицето Д.Д. се пријавило при влез во државата на граничниот премин „Деве Баир“

-

Лицето Д.Д. се пријавило при влез во државата на граничниот премин „Деве Баир“, потврдува Министерството за внатрешни работи (МВР).

Според ницијалите и возраста наведени во соопштението на МВР, се смета дека станува збор за едно од лицата осомничено за случајот „27 април“, односно за упад во собранието пред да се изгласа новата влада во 2017 година.

„При редовната пасошка контрола е констатирано дека лицето е евидентираното на стоп листата со мерка ‘лиши од слобода’ за кривично дело по член 313 од КЗ и за кој од страна на Основен суд Скопје 1 на 18.12.2017 е одредена мерка притвор, по што лицето е лишено од слобода“, соопшти МВР.

Член 313 од Кривичниот законик чита:

„Тој што со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија ќе предизвика или сериозно ќе се закани со предизвикување експлозија, пожар, поплава или друго општоопасно дејствие или акт на насилство, создавајќи чувство на несигурност или страв кај граѓаните, ќе се казни со затвор најмалку десет години“.

Лицето за кое станува збор беше во бегство седум години. Тој бил уапсен во Шведска во 2019 година, но бил пуштен на слобода и било одбиено барањето на Северна Македонија за екстрадиција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...