Спорните коцки за супа на „Подравка“ не биле на рафтовите во маркетите, туку во магацин

По информациите за потенцијална контаминација поради механичко оштетување на машината за производство на масни коцки кај производителот во Хрватска, во магацинот на „Подравка Македонија“ беа блокирани и двата вида на масни коцки, тврдат оттаму

-

Говедска коцка со серија 0507241, со рок на употреба до 05 јули 2025 година и пилешка коцка со серија 0307241, со рок до 03јули 2025 година, се наоѓаат во магацините на „Подравка Македонија“ и воопшто не се дистрибуирани во малопродажната мрежа. Ова е наведено во реакцијата на компанијата, откако Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вчера започна итна постапка за повлекување од пазарот на потенцијално небезбедни коцки за супа од Хрватска, поради можно присуство на туѓо тело.

„Станува збор за говедска коцка за супа на производителот „Подравка“, серија 0507241, со рок на употреба до 05.07.2025 година и пилешка коцка за супа серија 0307241, со рок до 03.07.2025 година. Потрошувачите кои ги купиле посочените производи со овие сериски броеви, истите да не ги употребуваат, или да ги вратат на местото од каде што ги купиле, или пак да ги уништат“, велат од АХВ.

Од „Подравка“ негираат дека овие серии им биле понудени на потрошувачите во маркетите.

„По добиените официјални информации за потенцијална контаминација поради механичко оштетување на машината за производство на масни коцки кај производителот во Република Хрватска, во магацинот на „Подравка Македонија“ беа блокирани и двата вида на масни коцки, со упатство за суспендирање на било каква дистрибуција во малопродажната мрежа. Потрошувачите треба да бидат спокојни бидејќи „Подравка“, како општествено одговорна компанија, им гарантира дека спорните серии масни коцки воопшто не биле пуштени во промет“, велат оттаму.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...