Анима Мунди бара забрана за изградба на стрелиште во Маврово

Од Анима Мунди известија дека се гради стрелиште во близина на хранилиште на дивеч за кое мештаните не знаат речиси ништо, без решение за градба од општина Маврово Ростоше

-

Во близина на детското одмаралиште Бунец, некаде 40 метри од главниот пат за Маврово се спроведуваат градежни активности кои најгрубо ја деградираат и сакатат природата и живиот свет, нанесувајќи неповратна штета на природниот баланс во целиот регион, на државата и нашите природни ресурси, реагираат од невладината организација Анима Мунди.

Оттаму тврдат дека се гради стрелиште во близина на хранилиште на дивеч за кое мештаните не знаат речиси ништо, без решение за градба од општина Маврово Ростоше, или каков бил документ, иако Националниот парт Маврово неколку пати по ред го одбивал барањето согласност за изградба.

„Животните кои и така се без доволно храна поради градежните експанзии во Мавровскиот дел, во околности каде ресурсите дури и за вода им се ограничени, сега ги чека најсвиреп упад во нивните живеалишта, стрелиште кое ќе ги изложи на стрес, страв и одстапување од нивната природна територија на движење“, реагира организацијата за заштита на животните.

Животната средина, управувањето на шумите и заштитените подрачја, издавањето дозволи за есксполатација е исклучително плодна почва за корупција, што е нотирано во сите ЕУ извештаи.

Анима Мунди бара итна ревизија за ова да се спречи и ги повикува сите институции, сите засегнати, граѓанските организации на кои ова поле им е од најтесна експертиза да реагираат и да се запрат градежните активности, за да се спаси Маврово.

Од организацијата велат дека нема да дозволат „нечиј бизнис интерес да стои над интересите на јавноста, природата, живиот свет кој како и во која форма ќе опстои“.

Марио Спасевски
Марио Спасевски
Новинар, Поткастер, Туризолог, Надреалист, Гејминг Гуру, Авантурист, Патник низ времето

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Студентското собрание на УКИМ со реакција за зголемените трошоци: Образованието мора да остане достапно за сите

Како Универзитетско студентско собрание, ги разбираме предизвиците со кои се соочува Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во справувањето со трошоците. Меѓутоа, сметаме дека најголемиот дел од овие финансиски...