Мицкоски за Судскиот совет: Земаат илјадници евра, седат во кожни фотелји и имаат 2 проценти доверба

Мицкоски вели дека на членовите на Судскиот совет „треба да им е срам што сè уште земаат народни пари, а уживаат доверба од само два проценти, наместо и самите да речат дека навистина треба да се променат работите“

-

„Убава е нивната позиција, секој месец да си земате плата, а да имате два проценти доверба кај граѓаните. Таа е најубавата позиција, комфорна, заседнати во дебели кожни фотелји со црвени килими и секој ден да доаѓате на работа, да броите илјадници евра месечна плата, а кај граѓаните да уживате само два проценти доверба“, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција, а во врска со последните негови најави за распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители.

Мицкоски се судри со амбасадорите за иднината на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители

 

Мицкоски вели дека на членовите на Судскиот совет „треба да им е срам што сè уште земаат народни пари, а уживаат доверба од само два проценти, наместо и самите да речат дека навистина треба да се променат работите“.

„И сега нормално е дека ќе се појавуваат и таков тип експерти и таков тип на луѓе кои се дел од тие тела, коишто имаат доверба од два проценти. Јас би се засрамил да имам два проценти доверба. Веднаш ќе ја напуштам работата којашто ја работам и ќе се занимавам со нешто друго. А тие коишто најголемиот дел од нив видовме како таму се поставени, наместо да се засрамат и самите да речат дајте навистина нешто да направиме, тие продолжуваат и понатаму да ги трошат народните пари, па дури и уште испраќаат пораки во јавноста и се закануваат“, рече Мицкоски.

Според него, борбата со криминалот и корупцијата, како и владеењето на правото биле носечки столбови на оваа Влада бидејќи и поради тоа добиле повеќе од 600.000 гласа.

„Ако оставиме ваков тип на функционери коишто уживаат народни пари, а ништо не прават со доверба од два проценти, како држава нема да одиме за долго. Како држава нема да одиме за долго, ако не направиме сериозни темелни структурни реформи. Тоа е суштината. А борбата со корупцијата и криминалот и владеењето на правото беа еден од носечки столбови за време на кампањата на оваа Влада“, дециден е премиерот.

Тридневна жалост за загинатите во поплавите во Босна, се трага по 15 исчезнати лица

По разорните поплави во делови на Босна и Херцеговина, во кои загинаа најмалку 18 лица, општина Јабланица прогласи тридневна жалост, јавува босанската телевизија БХРТ. Со одлука на локалните власти,...