Земјотрес чиј епицентар бил припаѓа на епицентралното подрачје Штип – Радовиш, вчеравечер бил регистриран од телеметриската сеизмолошка мрежа, информираше Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Земјотресот се случил во 19 часот и 54 минути, а бил со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала.
Според податоците со кои располага опсерваторијата, земјотресот бил почувствуван од населението во градот Штип и околината, со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.