Ослободено мече кое утрово било заглавено на дрво во Маврови Анови

Неколку бездомни кучиња агресивно лаеле по исплашеното мече, кое најверојатно од страв се качило на дрвото и се сокрило во гранките

-

Утрово во 7.35 часот на 112 е добиена пријава за заглавено мече во гранките на дрво во двор на викендица во Маврови Анови, информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„Секторот за операции и координација од ЦУК веднаш ги извести Националниот Парк Маврово и МВР. Ренџерски тим од НП Маврово веднаш се упатил кон заглавеното мече а истовремено со нив пристигнала и патрола на МВР од ПО Маврово заради обезбедување на местото на настанот“, велат од ЦУК.

Фото: ЦУК

Неколку бездомни кучиња агресивно лаеле по исплашеното мече, кое најверојатно од страв се качило на дрвото и се сокрило во гранките.

Откако ренџерите ги избркале кучињата, мечето само се симнало од дрвото и отрчало кон блиската шума.

Македонските стрип-автори меѓу најбројните на Меѓународниот салон во Белград

На 21. Меѓународен салон на стрип во Белград, кој од 26 до 29 септември се одржува во Студентскиот културен центар, македонските учесници традиционално се меѓу најбројните. На распишаниот стрип-конкурс...