Шест пожари на отворено во изминатото деноноќие

Во општина Ѓорче Петров гореле ниска вегетација и депонија. Ниска вегетација горела и во село Миладиновци, општина Илинден, потоа во регионот на прилепските нови гробишта, како и на територија на кавадаречката населба Глишиќ

-

Шест пожари на отворено се регистрирани низ државава изминатото деноноќие, соопштуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во општина Ѓорче Петров гореле ниска вегетација и депонија.

Ниска вегетација горела и во село Миладиновци, општина Илинден, потоа во регионот на прилепските нови гробишта, како и на територија на кавадаречката населба Глишиќ.

Останатите два се евидентирани на гевгелиска територија. Дива депонија горела во регионот на индустриската зона „Блок техно“, а пожар зафатил и деградирана ниско стеблеста шума на „Мрзненски рид“.

Сите шест пожари се изгаснати.

Македонските стрип-автори меѓу најбројните на Меѓународниот салон во Белград

На 21. Меѓународен салон на стрип во Белград, кој од 26 до 29 септември се одржува во Студентскиот културен центар, македонските учесници традиционално се меѓу најбројните. На распишаниот стрип-конкурс...