Колумбиски кокаин во кутии со банани во Германија

Пазарната вредност на дрогата се проценува на околу шест милиони евра, соопшти криминалистичката полиција на покраината Долна Саксонија

-

Полицијата во Хилдесхајм, западна Германија, открила околу 190 килограми кокаин во картонски кутии кои, според документите, требало да содржат банани за трговец со овошје, пренесува германската новинска агенција дпа.

Пазарната вредност на дрогата се проценува на околу шест милиони евра, соопшти криминалистичката полиција на покраината Долна Саксонија.

Полицијата ја пронашла дрогата во рација кон средината на април. Целта на акцијата била да се разбие меѓународна операција за шверц на дрога.

Вработените во складиштето за овошје, наводно забележале необични пакувања во една од кутиите при проверка на голема бродска пратка, пред да ги испратат бананите до филијалите на трговски синџир.

Полицајците и царинските агенти во Хилдесхајм три дена претресувале неколку илјади кутии и пронашле вкупно 185 килограми кокаин.

Бананите со еден брод пристигнале во неколку контејнери од Колумбија до Хамбург.

Полицијата ја продолжува истрагата.

Меџити најави нови еколошки автобуси за Скопје

Проширување на мрежата на централно греење во Скопје и шест нови еколошки автобуси за ЈСП, но и гасификација на целата држава се дел од мерките за справување со аерозагадувањето...