fbpx

Ако утре има избори, за Путин би гласале 75 отсто од Русите

-

Доколку в недела се одржат избори за шеф на државата, три четвртини од Русите, односно 75 отсто, би гласале за претседателот Владимир Путин, покажуваат резултатите од најновата анкета на Фондот за истражување на јавното мислење (ФОМ).

На тој начин, изборниот рејтинг на Путин достигна ново рекордно ниво, откако пред шест месеци 71 отсто од Русите беа подготвени да му го дадат својот глас.

Од останатите политичари, според резултатите од анкетата, лидерот на Либерално-демократската партија, Владимир Жириновски, би можел да смета на четири отсто од гласовите, лидерот на комунистите, Генадиј Зјуганов, на три проценти, а по еден отсто имаат шефот на партијата Праведна Русија, Сергеј Миронов, и поранешниот лидер на Граѓанската платформа, бизнисменот Михаил Прохоров.

Еден отсто од анкетираните одговориле дека би избрале некој друг политичар, еден процент дека би дале неважечки ливчиња, а девет отсто изјавиле дека не би излегле на гласање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Владини функционери во Словачка ги обвинуваат медиумите и опозицијата за пукањето во премиерот Фицо

Словачките новинари стравуваат дека обидот за атентат на премиерот Роберт Фицо може да доведе до уште поголема поларизација и задушување на независните гласови. Неколку високи политичари од владејачката коалиција...