fbpx

МНТ го продаде сто илјадитиот билет

-

Донка Радоешка од Скопје денеска во Македонскиот народен театар го купи сто илјадитиот билет по отворањето на новиот објект на таа национална установа на 7 декември 2013 година. Таа стана добитник на вредносен бон со кој ќе има можност да биде почесен гостин на претставите на МНТ што ќе може бесплатно да ги гледа во театарската сезона 2015/2016.

– Оваа година првпат во мојот живот на Бадник ми се падна паричката. Добив билет за Василичарскиот концерт, а сега добив и ваков билет, па можеби нешто значи тоа париче за Бадник – рече Радоешка.

Појасни дека билетот, кој денеска го купила, е за претставата „Подемот и падот на каберето“.

– Ова ми е големо изненадување, многу ми е драго и изненадена сум, не очекував. Сè најубаво и нека одат луѓето на театар – додаде Радоешка.

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, ѝ го врачи вредносниот бон на Радоешка и ѝ честиташе, посочувајќи дека ова е спонтан настан, кој верува дека за сите љубители на театарската уметност многу ќе значи и ќе ја следат програмата и репертоарот на МНТ.

– Од отворањето на објектот на МНТ поминаа една година и три месеци. Во МНТ се одиграни повеќе од 200 претстави, а посетеноста е огромна. Се надевам дека и годинава ќе имаме богата програма на репертоарот на МНТ. Следи и вториот по ред Меѓународен театарски фестивал. На 3 април се одбележува значаен јубилеј на МНТ – 70 години од неговото постоење – рече Канческа-Милевска.

Директорот на МНТ, Дејан Лилиќ, рече дека оваа сезона продолжуваат со уште неколку врвни проекти на многу големи режисери, како и дека во тек се со подготовки за две претстави, од кои едната ќе се реализира на малата, а другата на големата сцена.

Тој посочи дека претстои Светскиот ден на театарот и дека по тој повод ќе имаат три претстави на репертоарот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...