fbpx

Над 36 пожари низ Македонија во изминатото деноноќие

Од 36 „зимски“ пожари на отворено во последното деноноќие, 4 сè уште се водат како активни

-

Над 36 пожари на отворено имало изминатите 24 часа, а 4 сѐ уште се водат како активни, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Освен „зимските“ пожари на отворено во последното деноноќие пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата.

Еден од пожарите во последните 24 часа бил во близина на с.Виниче на Скопска Црна Гора (Општина Гази Баба), но поради поради непристапност на теренот пожарникарите на БППЗ на град Скопје не можеле веднаш да интервенираат.

Вчера стигнало и известување за два пожара на отворен простор, еден над селото Добри Дол, општина Врапчиште и над селото Корита во форинскиот дел, општина Гостивар. Првично, пожарот кај Добри дол бил во ниви но излегол од контрола со текот на горењето, а местото било тешко пристапно поради граничење во просторот со пат и река.

Отежнат пристап за пожарникари има и кај огнот над селото Корита. Во текот ноќта екипата од ЈП „Национални шуми“ – подружница „Шар“ не можела да интервенира заради безбедносни причини. Екипата ќе интервенира во текот на денот доколку пожарот е сеуште активен.

Инаку, од ЦУК претходно известија дека три лица починаа при пожари од кои едно при гаснењето на пожар на отворено на сопствена нива кај с. Псача, едно при пожар на куќа во с.Косевица и едно лице при пожар на штала во с. Оџалија во Општина Карбинци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...