fbpx

Стартува „Рувики“, руската верзија на „Википедија“

Засега не се открива колку чини овој проект, а непознати се и имињата на инвеститорите на страницата

-

Лансирана е „Рувики“, руската верзија на популарната онлајн енциклопедија Википедија, јавуваат руските медиуми.

Русија соопшти дека сè уште нема планови да ја блокира Википедија – еден од ретките преживеани независни извори на информации во Русија, откако се интензивираше акцијата против содржината на интернет, по нападот на Москва врз Украина во февруари 2022 година.

Руските судови, сепак, оттогаш наметнаа серија казни на онлајн енциклопедијата за содржини поврзани со Украина. Рускиот претседател Владимир Путин даде одобрение за нови алтернативни платформи на Википедија во мај 2022 година, според руските медиуми.

Весникот „Известија“ минатата недела објави дека најчитаните написи за време на тестирањето, биле оние за бројот на загинати во 2023 година, за ескалацијата на арапско-израелскиот конфликт, за руската воена операција во Украина и руските филмови со најголема заработка.

Засега не се открива колку чини овој проект, а непознати се и имињата на инвеститорите на страницата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

На затворена седница на Судски совет се одлучува за имунитетот на врховниот судија Георгиев, уапсен за примање поткуп

По денешното апсење на врховниот судија Наке Георгиев, поради наводно примање поткуп од 10.000 евра, на полноќ заседаваше Судскиот совет во однос на тоа дали треба да му биде...