Владата преку кратењето на придонесите за социјално осигурување сака да ги зголеми платите

Целта на Предлогот на законот е поттикнување на работодавачите да исплаќаат плата во повисок износ, намалување на даночната евазија и неформалната економија

-

Владата на денешната седница донесе Предлог на закон за ослободување од плаќање на дел од придонесите од задолжително социјално осигурување, којшто има за цел да доведе до зголемување на платите, информираат од владината прес-служба.

„Со овој закон, како што е образложено од предлагачот, Министерството за труд и социјална политика, се стимулира зголемување на платите на вработените, како и намалување на трошоците за работната сила на работодавачите, со тоа што се прави законско регулирање на мерка за ослободување од плаќање на дел од придонесите од задолжително социјално осигурување“, стои во владиното соопштение.

Целта на Предлогот на законот е поттикнување на работодавачите да исплаќаат плата во повисок износ, намалување на даночната евазија и неформалната економија, а со цел подобрување на економскиот стандард на вработените и поттикнување на економскиот развој на Република Северна Македонија, информираат од владата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ИЈЗ: Ако 190 лица пешачат, за една година ќе заштедат повеќе од 108 илјади евра

Истражувањето на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), покажа дека економската придобивка од пешачењето на 191 учесник за една година изнесува 108.808 евра и 3 предвремено спречени смртни случаи за...