fbpx

Филмот „М“ ќе биде прикажан денеска и утре на филмскиот фестивал во Котбус во Германија

Кај нас, деновиве „М“ се прикажува во Кинотека

-

Денеска во 13 часот и утре во 18 часот ќе биде прикажан македонскиот филм „М“ на Вардан Тозија, во рамки на филмскиот фестивал Котбус, кој е еден од водечките меѓународни фестивали на источноевропскиот филм. Како што велат организаторите, фестивалот сака да прикажува добри филмови и да им даде пристап до пазарот, а цели и кон тоа да ги зајакне талентите, да предизвика љубопитност, да ги доведе во прашање вообичаените клишеа и да го промовира дијалогот помеѓу филмаџиите.

Сценариото за „М“ е на Вардан Тозија и Даријан Пејовски, а продуценти се Дарко Попов и Вардан Тозија. Филмот е работен со копродуценти од Франција, Хрватска, Косово и Лукембург.

Актерската екипа ја сочинуваат: Матеј Сиваков, Сашко Коцев, Александар Ничовски, Камка Тоциновски, Бојана Грегориќ Вејзовиќ, Верица Недеска, Владимир Тулиев, Оливер Митковски, Мирослав Петковиќ, Жаклина Петровска, Благоја Веселинов, Борис Дамовски, Јамина Билаловиќ, Михајло Миленковски и Тони Михајловски.

Кинематографер е Владимир Самоиловски, костимите се дело на Андреа Кустовиќ и Николина Костаншек, музиката е на реномираниот филмски композитор Натаниел Бергес (Nathanaël Bergèse) во соработка со францускиот ко-продуцент „Les Contes Modernes“.

Филмот е поддржан од Агенција за филм, Хрватскиот аудио визуелен центар, Косово филм центар, SACEM (Франција) ТВ ТелМа (Македонија), Agora Co-Production Market at IFF Thessaloniki 2019 ScriptTeast 2020 – Script Development Workshop (Poland, Germany, France) Sofia Meetings (WiP) at IFF Sofia 2020.

Кај нас во моментов, „М“ се прикажува во Кинотека.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Број 659 на стрипот „Алан Форд“ нацртан од Вероника Гуити. Фото: Мета.мк.

За прв пат во 55 години, стрипот „Алан Форд“ го црта жена

Со мајскиот, 659-ти број на култниот италијански стрип „Алан Форд“, издавачот и сценарист Макс Бункер ја претстави уметницата Вероника Гуити како нова членка на тимот. Во уредничкиот коментар во 659-тата...