fbpx

Закани за бомби и насилство во германски училишта и медиуми

Во Вајмар, Источна Германија, вработените морале да напуштат три радио станици поради закани за бомби. Заканувачкиот мејл, како што соопштила полицијата, доаѓал од адреса наречена „Хамас“

-

Училишта и медиуми во Германија се евакуираат два дена по ред поради закани за бомби, пренесува германската новинска агенција ДПА. Заканите почнале вчера во главниот град, а меѓу другите, закана за бомба добила и партијата на германскиот канцелар Олаф Шолц.

Полицијата во Берлин испратила засилување до главната железничка станица и тим за да се утврди дали постои некаква опасност.

Германските железници (Дојче Бан) добиле електронска пошта со закана за бомба во ноќта помеѓу понеделникот и вторникот.

Немаше никакви нарушувања во сообраќајот, информираат од полицијата.

Покрај седиштето на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), електронска пошта со закана за експлозивна направа стигна и до телевизијата РТЛ.

Пораки со заканувачка содржина пристигнале во вторникот во три училишта во Ерфурт, главниот град на источната покраина Тирингија. Заканата не била за бомби, туку за насилство, изјавила портпаролката на полицијата за ДПА.

Во Вајмар, Источна Германија, вработените морале да напуштат три радио станици поради закани за бомби. Заканувачкиот мејл, како што соопштила полицијата, доаѓал од адреса наречена „Хамас“.

Вчера закани добило и училиште во Баварија.

Во понеделникот, неколку училишта низ Германија добиле заканувачки пораки кои предизвикале опсежна полициска акција. Накратко била евакуирана и зградата на телевизијата ЗДФ во Мајнц.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палевски екстрадиран во Македонија, ќе се одмотува клопчето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Со комерцијален лет од Истанбул, Турција на „Туркиш ерлајнс“, во 19.30 часот на Меѓународниот аеродром во Скопје беше екстрадиран Љупчо Палевски - Палчо, првоосомничен за двете монструозни убиства, на...