fbpx

Полицискиот хеликоптер Бел ер 412 го локализирал пожарот кај Осинчани исфрлајќи 15 тони вода

Неколку часа претходно било пријавено дека во општина Студеничани, во која се наоѓа селото Осинчани, горела нискостеблеста шума и сува трева

-

Откако завршил со гаснење на пожарот кај Чашка, вчера околу 14 часот хеликоптерот на МВР од типот Бел ер 412 бил испратен во реонот на селото Осинчани каде беснеел пожар, јави МВР.

Фото: МВР

„Хеликоптерот Бел ер 412 од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР во повеќе налети исфрли над 15 тони вода, со што успешно и целосно и овој пожар беше локализиран“, соопшти полицијата.

Неколку часа претходно било пријавено дека во општина Студеничани, во која се наоѓа селото Осинчани, горела нискостеблеста шума и сува трева.

Во гаснењето учествувала и Противпожарната бригада.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...