fbpx

Мајкрософт: Кина обвинета за хакирање мејлови на американските власти

Американски медиуми објавија дека мета на хакерите бил и Стејт департментот

-

Хакери со седиште во Кина обезбедиле пристап до сметките за е-пошта на околу 25 организации, вклучително и на владини агенции, соопшти „Мајкрософт“, а пренесува Би-би-си.

Компанијата не даде детали за тоа за кои владини агенции станува збор, но американското Министерство за трговија за Би-би-си потврдило дека „Мајкрософт“ ги известил за нападот.

Американски медиуми објавија дека мета на хакерите бил и Стејт департментот.

„Мајкрософт“ соопшти дека хакерската група која ја нарекува „Storm-0558“ пристапила до сметките за е-пошта со фалсификувани токени за дигитална автентикација кои се користат за потврда на идентитетот на една личност.

„Storm-0558 првенствено ги таргетира владините агенции во Западна Европа и се фокусира на шпионажа, кражба на податоци и пристап до ингеренциите“, велат од „Мајкрософт“, од каде додаваат дека хакерските упади започнале во средината на мај.

Во мај, компанијата заедно со западните разузнавачки агенции соопштија дека кинески хакери користеле скриен малициозен софтвер за да ја нападнат критичната инфраструктура на американските воени бази во Гуам. Таму се наоѓаат дел од американските воени станици и воздушни бази кои би биле клучни за одговор на Западот на каков било конфликт во Азија.

Според експертите, тоа е една од најголемите познати хакерски кампањи против САД.

Кинеската амбасада во Лондон за Ројтерс изјави дека обвинението на „Мајкрософт“ е „дезинформација“, нарекувајќи ја американската влада „најголемата светска хакерска империја и глобален сајбер крадец“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...