fbpx

ОН: Во Ирак убиени 1.100 лица во февруари

-

Во Ирак, во текот на февруари, убиени се најмалку 1.100 Ирачани, од кои 600 се цивили, соопшти денеска мисијата на Обединети нации во таа земја.

Мисијата на ОН за помош на Ирак (УНАМИ) соопштила дека помеѓу 1.103 убиени минатиот месец, 611 биле цивили, а останатите биле припадници на безбедносните сили.
Во истиот период, повредени биле 2.280 луѓе, од кои 1.353 цивили. Во јануари, во Ирак убиени се најмалку 1.375 цивили.

ОН наведоа дека најмногу насилство имало во главниот град Багдад, каде во февруари убиени се 329 луѓе, а 875 се повредени.

Во овие податоци на ОН не е вклучена една третина од земјата, која е под контрола на екстремистичката група Исламска држава.

Според ОН, минатата година била најтешка по бројот на настрадани во Ирак од 2006 година, со вкупно 12.282 убиени и 23.126 повредени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...