fbpx

Македонија и Бугарија ја унапредуваат соработката во здравството

-

Во претстојниот период да се потпише план за унапредување на соработка меѓу министерствата за здравство на Република Македонија и на Република Бугарија, со посебен фокус на едукации, стручно усовршување и на специјализации на македонските доктори.

Ова денеска на средба во Софија, го договорија министрите за здравство на Република Македонија и на Република Бугарија, Никола Тодоров и Петар Стефанов Москов.

Планот, соопшти Министерството за здравство, ќе содржи и други облици на соработка, како што се: соработка во областа на здравствениот менаџмент, изработка на протоколи, упатства, водичи и стандарди, програми за превенција, како и размена на искуства во областите на јавното здравје и на медицинските науки.

Со овој план, како што се наведува, ќе се зајакне соработката со Медицинскиот факултет при Медицински универзитет во Софија, кој е реномиран научно-истражувачки центар во областа на медицината, а воедно и најстара високообразовна установа во оваа област, формирана во 1917 година.

Во рамки на денешната работна посета на Софија, министерот Тодоров се сретна и со деканот на оваа високообразовна установа, проф. д-р Марин Маринов.

На средбата беа разгледани можностите за специјализација и за обуки за стручно доусовршување на македонските лекари. Воедно, предвидено е до крајот на овој месец повеќе професори од катедрата по неонатологија да дојдат во Македонија, за размена на искуства со македонските колеги во оваа област, стои во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полуматуранти од Подгорица славеле со факели, па го запалиле кровот на училиштето

Полуматуранти од основното училиште „Владо Милиќ“ во Подгорица го запалија училишниот покрив за време на церемонијата која ја имале со палење факели, по повод завршувањето на школувањето, пренесе „Н1“. Директорката...