fbpx

Нема заразни заболувања во Чешиново-Облешево

-

Кризниот штаб, на кој присуствуваше министерот за здравство Никола Тодоров заедно со епидемиолози од Институтот за јавно здравје, констатираше дека засега нема пријави за заразни заболувања на подрачјето на општина Чешиново-Облешево. Здравствените лица будно ќе ја следат состојбата во однос на безбедноста на водата за пиење и евентуална појава на заразни заболувања.

Центарот за јавно здравје од ова подрачје секојдневно ќе врши контрола на водата за пиење и ќе дава насоки до локалното население, да се пие само амбалажирана вода или вода од обезбедени цистерни. Водата која се користи во домаќинствата за миење и за готвење ќе мора претходно да се преврие. Центарот за јавно здравје е задолжен да спроведе комплетно чистење на ризичните поплавени подрачја и да изврши превентивна дезинфекција и дератизација.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...