fbpx

Поднесено обвинение за двојното убиство во Вевчани

-

Основното јавно обвинителтво Струга поднесе обвинителен акт против осомничениот за двојното убиство што кон средината на август минатата година се случи во Вевчани.

Како што соопштуваат од јавното обивнителство, осомничениот се товари дека на 13 август 2014 година сторил кривично дело убиство со умисла на две лица, а се обидел да убие уште две лица.

„Спроведената истражна постапка утврдила дека обвинетиот, поминувајќи покрај летната тераса на кафе-барот „Пјаца“ во Вевчани на критичниот ден, почнал првин вербална расправија со оштетените. По половина час се вратил, држејќи во рацете метална шипка и огнено оружје, пиштол марка „црвена застава“ калибар 7,65 милиметри“, стои во соопштението од јавното обвинителство.

Според обивнителството, тој веднаш ги нападнал присутните на масата со метална шипка, а потоа отворил оган од пиштолот и застрелал две лица, кои починале од добиените повреди, а на другите двајца повредите им биле санирани во струшката болница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЈО: Сомнеж за поткуп во Делчево и неправилности во селото Бучим

Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, денешниот изборен ден на кој се гласа во првиот круг од изборите за претседател на Република Северна Македонија, до овој...