fbpx

Убиен еден од јапонските заложници, ИД бара размена за другиот

-

Исламска држава обезглави еден од јапонските заложници и сега бара да се ослободи жена бомбаш-самоубиец од Јордан за да го поштедат животот на другиот заложник.

Синоќа беше објавена видеоснимка на која се гледа еден од киднапираните Јапонци, Кенџи Гото, како држи слика од другиот киднапиран Јапонец, Харуна Јукава.

Во видеозаписот глас на англиски јазик вели дека јапонскиот премиер Шинзо Абе е виновен за смрта на Јукава.
„Ти беше даден рок“, вели гласот во видеоснимката.

Претходно ИД побараа од Јапонија до петок да плати 200 милиони долари за да ги спаси животите на двајцата заложници.

Во видеозаписот ИД го поставува и новиот ултиматум, да ја ослободат Ирачанката Сајида Ал-Ришави, за која е изречена смртна казна во Јордан поради нејзината улога во бомбардирањето во 2005 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека Украина нема црква

Во Украина 72 проценти од населението се декларира како православно, но после руската воена инвазија врз Украина, се појави анимозитет меѓу верниците кои припаѓаат на различни православни цркви. Едната...