На 20 ноември во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје, се одржа консултација помеѓу државните институции и граѓанскиот сектор, на тема „Унапредување на структурниот дијалог помеѓу институциите и граѓанскиот сектор во процесот на пристапување кон ЕУ“. На средбата претставници од Фондацијата „Метаморфозис“ земаа учество во секторската група за образование.
На средбата беше потенцирана важноста на структурниот дијалог помеѓу институциите и граѓанските организации во процесот на пристапување кон ЕУ. Исто така, беше дадена можност на граѓанските организации да изразат интерес за приклучување кон постоечките секторски групи, како и дадат забелешки, коментари, и предлози за нивното функционирање.
Во рамките на проектот „Отворени образовни ресурси“ (ООР), кој го спроведува Фондацијата „Метаморфозис“, се одржуваат работилници и презентации со наставници во повеќе основни училишта низ државата, преку кои наставниците се запознаваат со концептот на ООР, можноста самите започнат со нивно создавање, како и соодветно лиценцирање на своите трудови.
На настанот свои излагања имаа претставници од Фондацијата Отворено општество -Македонија, Евротинк, Центарот за граѓански комуникации, Реактор – истражување во акција, како и претставници од државните институции.