fbpx

Иванов испрати писмо со сочувство до францускиот претседател

-

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, упати писмо со сочувство до претседателот на Француската Република,  Франсоа Оланд.

„Почитуван господине Претседателе,
Со шокираност, длабока тага и со чувство на огорченост ја примив веста за масакрот во Париз и искрено жалам за загубените животи од овој злосторнички чин. Нападите против „Шарли ебдо“ претставуваат и ги доживуваме како напад на демократијата, како напад против принципите и слободата на мислата и на говорот.
Господине Претседателе, овој грозоморен чин спроведен од поединците со затворени умови, чија цел е сеење страв и чувство на несигурност, чии жртви се недолжни луѓе, нема да нè поколеба во истрајноста на зачувување на споделените човечки и цивилизациски вредности и придобивки на целиот демократски свет. Република Македонија силно ги поддржува глобалните напори за борба против тероризмот и, како и досега, така и во иднина е подготвена да соработува со демократскиот свет во соочувањето со оваа закана како едно од најголемите зла на денешницата.
Во овие тажни моменти за Вас, за граѓаните на Вашата земја и за семејствата на настраданите, дозволете ми од името на граѓаните на Република Македонија и од мое лично име, да Ви упатам изрази на длабоко сочувство. Сакам да Ве уверам дека мислите на македонските граѓани се со Вас и со граѓаните на Франција“, стои во телеграмата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на...