fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Заев во Бугарија жестоко удри по македонската држава

-

Зоран Заев станува сериозен ризик за македонските национални интереси и за време на неговата дводневна посета во Бугарија, жестоко удри по македонската држава, се вели во утринското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали СДС и Зоран Заев сметаат дека Република Македонија нема своја сопствена историја? Зар македонската историја нема значење на Зоран Заев, па реши да изјави дека во македонските учебници ќе биде променето сè што не е во новиот дух на соработка помеѓу двете држави. ВМРО-ДПМНЕ е крајно загрижена од нетранспарентноста и од леснотијата со која Заев пристапи на едно исклучително сериозно прашање, како што е склучувањето на договорот со Бугарија“, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат увид во тоа што Заев го договорил при посетата на Софија и велат дека владејачката партија треба да ги расчисти дилемите што го вознемируваат македонскиот народ по дводневната посета на Зоран Заев на Бугарија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...