fbpx

Могерини очекува продолжување на санкциите кон Русија

-

Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини очекува дека Унијата во јули ќе ги продолжи санкциите кон Русија поради кризата во Украина, пишува германскиот весник „Велт“.

Одговарајќи на прашање дали санкциите кои истекуваат во јули ќе бидат продолжени, Могерини рече „Очекувам и тоа да се случи“.

Могерини во соопштение, кое е објавено по интервјуто додаде дека „шефовите на држави или влади на земјите од ЕУ го поврзуваат укинувањето на санкциите со целосна примена на Договорот од Минск“ и оти тоа досега не е сторено.

Одредени членки на ЕУ сугерирале дека санкциите би можеле да бидат ублажени во јули, во обид да се намалат тензиите во односите со Москва, иако склучениот договор не доведе до ставање крај на судирите на истокот на Украина.

Шефицата на европската дипломатија рече дека политиката на ЕУ се уште нема да биде променета, но дека подоцна, во текот на годинава може да следи „суштинска политичка процена“ на идните чекори.

ЕУ во 2014 година воведе санкции кон Русија, а Москва возврати со контрамерки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...