fbpx

ДИК расправа за барањата за податоци што ќе ги испрати до институциите

-

Членовите на Државната изборна комисија денеска имаат седница на која расправаат за предлог-барањата што ќе ги испратат до институциите, кои во согласност со Изборниот законик треба на комисијата да ѝ ги достават сите податоци за гласачите што таа ги бара.

На седницата се разгледуваат барањата за Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за внатрешни работи и за Министерството за надворешни работи.

Исто така, на седницата се расправа и за предлог-роковникот според кој Комисијата треба да ги одреди сите рокови за завршување на постапките.

Членовите на ДИК на денешната седница ќе расправаат и за барањето до Министерство за надворешни работи да распише предвремени парламентарни избори и предлог-образецот за запишување, дополнување и за бришење на податоците за гласачите кои ќе гласаат во дипломатско-конзуларните претставништва.

Денешната седницата ја води претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, кој вчера, кога беше точката на гласање за тоа дали избирачкиот список е подготвен за фер и демократски избори, ја напушти седницата.

Заедно со него, вчерашната седница ја напуштија и членови на ДИК од СДСМ, Виолета Дума и Горан Милев, кои денеска не учествуваат на седницата, а во ДИК немаат информации зошто се отстутни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Манипулација со снимка од инцидент во Киев на 9 Мај

Полицајци во Киев спречија пензионерка да положи цвеќе на споменик посветен на антифашистичката борба, но не заради некаков наводен неонацизам, кого сега некои им го припишуваат, туку затоа што...