fbpx

Утре во НУБ „Св. Климент Охридски“ презентација на анализата на законската рамка за образованието

-

Утре во 11 часот, во центарот за конференции и за студии при Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје, ќе се одржи едночасовна презентација на Анализа на законската рамка за образование и можностите за вклучување на отворените образовни ресурси.

Авторот на анализата е Климе Бабунски и таа го опфаќа законот за основно образование, законот за средно образование, закон за учебници за основно и за средно образование, закон за авторско право и сродни права, а овозможува согледување на состојбите, изведување заклучоци и препораки за можно регулирање на отворените образовни ресурси во овие закони.

Анализата е достапна за преземање во електронска форма на македонски и на англиски јазик.

Алијансата за отворени образовни ресурси е отворена група на поединци, организации, институции кои функционираат како неформална мрежа со заедничка цел – подигнување на свеста и на капацитетот на академската и на научната јавност за создавање и за користење отворени образовни ресурси во Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...