fbpx

Ременски најави кривична пријава против Диме Спасов

-

Министерката за труд и социјална политика од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, објави дека ќе поднесе кривична пријава за несовесно работење на поранешниот министер за труд и социјална политика, Диме Спасов. Ременски го обвинува својот заменик дека иако имал обврска, не одлучувал по жалбите на повеќе од 1.400 граѓани корисници на социјална парична помош.

– Спасов правото по закон да одлучува по жалби го пренел на лице на пробна работа во Министерството за труд и социјална политика што воопшто по закон нема право да учествува во решавање на предмети во управна постапка – рече Ременски.

Освен Спасов, Ременски ќе ја тужи и поранешната пратеничка Сузана Андонова, службеничка на пробна работа во министерството, која одлучувала по жалбите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Д-р Димитров: ПАП тестот е историја, жените треба да прават ХПВ тест

Во системот МојТермин треба да има слободни места за жени со гинеколошки болести кои не може да чекаат. Жените треба да прават ХПВ (хуман папилома вирус) тест, а не...