fbpx

МВР вчера издало потврди на 2.806 мигранти

-

Министерството за внатрешни работи во изминатите 24 часа издало вкупно 2.806 потврди на странски државјани за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 1.282, Ирак – 1.005 и на Авганистан – 519.

Во изминатото деноноќие до Секторот за азил не е поднесено барање за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Од почетокот на издавањето на потврдите до вчера до Секторот за азил се поднесени вкупно 83 барања за признавање на правото на азил.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...