fbpx

Ватикан го призна чудотворството на Мајка Тереза

-

Папата Франциск ја потпиша одлуката за признавање на чудата што ѝ се припишуваат на Мајка Тереза, а која е потребна за таа да биде прогласена за светица, соопшти Ватикан.

Како што објави „Авенире“, официјалниот весник на италијанската католичка бискупска конференција на својата интернет-страница, папата вчера попладне ја потврдил својата одлука.

Италијанските медиуми шпекулираат дека канонизацијата на Мајка Тереза ќе биде извршена првата недела од септември следната година.

Мајка Тереза, која почина во 1997 година, на 87 години, ја беатифицираше покојниот папа Јован Павле Втори во 2003 година.

Беатификацијата, за која е потребно признавање на едно чудо, е последен чекор пред прогласување за света.

„Авенире“ наведува дека второто чудо што ѝ се припишува на Мајка Тереза, а е потребно за канонизација, вклучува необјасниво оздравување на човек кој страдал од смртоносна болест на мозокот.

Мајка Тереза е родена во Македонија во 1910 година. Таа е основач на редот Мисионерки на милосрдието, кои им помагаа на најсиромашните на улиците на индискиот град Калкута.
Во 1979 година, таа ја доби Нобеловата награда за мир.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...