fbpx

Бројот на туристи до октомври зголемен за 10,1 отсто во однос на лани

-

Бројот на туристите во октомври 2015 година изнесува 61.655, а бројот на ноќевањата изнесува 142.503, објави Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во октомври 2015 година, во однос на октомври 2014 година, е намален за 0,7 отсто, а бројот на ноќевањата е намален за 0,9 отсто.

Бројот на домашните туристи во октомври 2015 година, во однос на истиот период лани, е намален за 5 проценти, а бројот на странските туристи е зголемен за 1,8 отсто.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во октомври 2015 година, во однос на истиот период лани, е намален за 6,7 проценти, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 3,5 проценти.

Во периодот јануари-октомври 2015 година, во однос на истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за 10,1 отсто и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 4,7 проценти, а кај странските има зголемување за 14 проценти.

Во периодот јануари-октомври 2015 година, во однос на истиот период лани, бројот на ноќевањата е зголемен за 8,4 проценти и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5,6 проценти, а кај странските има зголемување за 12,5 проценти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Број 659 на стрипот „Алан Форд“ нацртан од Вероника Гуити. Фото: Мета.мк.

За прв пат во 55 години, стрипот „Алан Форд“ го црта жена

Со мајскиот, 659-ти број на култниот италијански стрип „Алан Форд“, издавачот и сценарист Макс Бункер ја претстави уметницата Вероника Гуити како нова членка на тимот. Во уредничкиот коментар во 659-тата...