fbpx

11. конференција „Е-општество“ посветена на слободата и на приватноста на интернет

-

„Слобода и приватност на интернет“ е темата на единаесеттата меѓународна конференција „Е-општество“ што ќе се одржи в четврток, во хотелот „Холидеј ин“, а се спроведува во рамките на проектот „Децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија“, а во соработка со Фондацијата за интернeт и општество „Метаморфозис“ и со Меѓународниот институт за човекови права и мир од Каен, Франција.

На конференцијата, во четирите сесии, ќе бидат опфатени теми како што се човековите права како основа на современото општество, приватноста, слободата на изразување, споделувањето на најдобрите практики во едукацијата за човекови права, алатките за подобрување на безбедноста и на приватноста на интернет, новинарските стандарди и човековите права и борба против говорот на омраза, човековите права и избори, други човекови права, како и заклучоци и препораки за идни чекори.

Конференцијата ќе ја отворат француската амбасадорка Лоренс Оер, министерот за локална самоуправа, Лирим Шабани, и директорот на „Метаморфозис“, Бардил Јашари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...