fbpx

„Студентски пленум“ ќе организира тридневен фестивал

-

„Студентски пленум“ организира „Ад хок фестивал“, кој ќе почне од 10 декември напладне и ќе се одржува три дена на платото на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

На фестивалот ќе настапуваат „Новиот почеток“, „Ди Џон“, „Пи-Ем-Џи колектив“, „Бандикс“, „Руверс ханговер“ ,„Визија“, „Бета хаус“, „Фанк шуи“, „Бона Деа“, „Зад аголот“ и повеќе диџеи.

За време на концертите, во аулите на четирите факултети ќе бидат изложени цртежи и фотографии на студенти и на уметници, а ќе бидат организирани и алтернативни предавања и работилници.

„Веќе цела година нè заокружуваат, нè етикетираат и нè лажат. Се обидуваат да ни ги одземат моќта и гласот што ги имаме. Затоа одлучивме да бидеме погласни од кога било. Високото образование ни го сведоа на соголен костур, се обидоа да ја спречат нашата академска слобода за интелектуално развивање и за креативно достигнување. Сакаат од нас да направат роботи и слуги на нивниот режим. Ние, студентите, сме многу повеќе од број. Ние сме многу повеќе од тоа што бараат да бидеме. Време е да ви ја покажеме нашата креативност, упорност, интелект, но најмногу од сè, нашиот млад, чист и неуморен дух за просперитет“, велат од „Студентски пленум“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...