fbpx

Москва: Невозможна е соработка со НАТО во борбата против ИД во Сирија

-

Рускиот амбасадор во НАТО, Александар Грушко, денеска изјави дека Русија и НАТО имаат целосно различни ставови за борбата против терористичката група Исламска држава.

Грушко додаде дека Русија, како што тоа било вчера на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, не гледа можност за соработка со Алијансата по тоа прашање.

– Изненаден сум што НАТО не ни соопшти дека е неопходно да се бори против тероризмот. Борбата против тероризмот е спомената само во повикот Русија да игра конструктивна улога во борбата против Исламска држава – рече Грушко на прес-конференција во Москва.

Тој додаде дека Москва не гледа можност да соработува со НАТО во борбата против ИД во Сирија.

– Имајќи предвид дека НАТО официјално објави дека Алијансата не игра улога во Сирија и дека тоа е нејзин официјален став, тешко дека можеме да сметаме на можноста за соработка со неа како организација и оти ќе има напредна билатерална интеракција со земјите од НАТО – рече Грушко.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...