fbpx

Италијанските туристи заинтересирани за македонскиот туристички производ

-

Агенцијата за промоција и за поддршка на туризмот и на туристичкото стопанство од Македонија, настапуваат на изложбен штанд кој ги истакнува главните туристички потенцијали на нашата земја на туристичкиот бизнис саем „ТТГ Инконтри (TTG Incontri), кој се оддржува во Римини, Италија, од 8 до 10 октомври годинава.

Италијанскиот туристички пазар може да биде продуктивен за македонските туристички работници, со одлична туристичка понуда атрактивна за италијанските туристи и со можноста што ја нудат двете авионски линии од Скопје до Милано со „Виз ер“ и до Рим со „Ал Италиа“.

За меѓународните излагачи саемот е главен настан за влез на италијанскиот пазар, место кое нуди можност да се развие и да се прошири туристичкиот бизнис.

За италијанските туристички професионалци, саемот е најголемиот туристички пазар во светот за преговори со меѓународните купувачи.

Туристичкиот бизнис-саем „ТТГ Инконтри“ е посетен од 60.158 туристички професионалци за три дена, има 2.480 компании што ги промовираат своите туристички дестинации, повеќе од 35.000 деловни средби со повеќе од 1.000 меѓународни купувачи кои доаѓаат од 60 земји.

Присуствуваат 300 блогери кои доаѓаат од целиот свет, 700 странски новинари кои присуствуваат на настани посветени на новите медиумите, на ТТГ-форуми, конвенции со значајни говорници од туристичката индустријата, обраќајќи се за најновите трендови и за иновативни бизнис-модели.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...