fbpx

Хојте се врати од викенд, продолжуваат средбите на работните групи

-

Денеска, во 13 часот, во Клубот на пратеници ќе продолжат средбите на работните групи за изборното законодавство. Како што информираат претставници на политичките партии, кои се учесници во работните групи, деновиве не се очекува да се постигне договор. Крајниот рок за постигнување договор за изборното законодавство е 6 октомври, а договор се очекува да се постигне исто како и за специјалниот обвинител, пред истекот на рокот.

Најголемите политички партии се договорија околу изборот на членови на ДИК и го прифатија предлогот на СДСМ, според кој тие ќе се бираат по формулата „три плус три плус три“, односно тројца членови ќе бидат на предлог на власта, тројца од опозицијата и на нив ќе им се приклучат тројца експерти кои ќе бидат избрани со двотретинско мнозинство во Собранието.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...