fbpx

Трамп: Сите илегални мигранти ќе ги испратам дома

-

Кандидатот на Републиканската партија за номинација на претседателските избори во САД, Доналд Трамп, изјави дека ако влезе во Белата куќа, ќе ги депортира сите илегални мигранти и дека ќе ги укине новите закони за имиграција кои ги воведе сегашниот претседател Барак Обама.

– Нема да ги разделуваме семејствата, но тие едноставно ќе мора да одат – рекол Трамп во објавениот дел од емисијата на телевизијата „Ен-Би-Си“ која ќе биде емитувана подоцна.

Американскиот милијардер кој се надева дека ќе стане кандидат на Републиканската партија на изборите за претседател во 2016 година, рекол дека мора да се укине законот за миграција на Обама.

Трамп, за кој анкетите покажуваат дека има најголема поддршка на гласачите од 17 претенденти за местото кандиндат на Рупубликанците за претседател на државата, од почетокот на својата кампања предизвика контроверзии со своите изјави на тема имиграција, па така ги нарече мигрантите од Мексико криминалци и силувачи.

Се проденува дека во САД живеат околу 11 милиони илегални мигранти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Владини функционери во Словачка ги обвинуваат медиумите и опозицијата за пукањето во премиерот Фицо

Словачките новинари стравуваат дека обидот за атентат на премиерот Роберт Фицо може да доведе до уште поголема поларизација и задушување на независните гласови. Неколку високи политичари од владејачката коалиција...