fbpx

Ќе се решава проблемот со стажот на земјоделците

-

Премиерот Никола Груевски најави дека на наредната седница на Владата, ќе биде предложен закон со кој ќе биде решен проблемот на земјоделците околу пензискиот стаж исплаќан според законите од 1978 до 1988 година.

На тој начин, ќе се признае стажот на земјоделците, што ќе биде во прилог на потребни години за остварување на правото на пензија.

– Имаше барање од земјоделците за решавање на проблемот со нивниот стаж и на наредната седница на Владата, ќе биде предложен закон со кој ќе се реши проблемот за нивниот пензиски стаж од 1978 до 1988 година – изјави Груевски при посетата на Прилеп.

За оваа намена ќе бидат издвоени 32 милиони денари за пензии секоја година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...